Јаболката имаат безброј придобивки за организмот.
Јаболката секако се меѓу најздравите овошја.

Јаболката имаат безброј придобивки за организмот.
Јаболката секако се меѓу најздравите овошја.
Лекарите советуваат да ги јадеме што почесто бидејќи се полни со витамини, а кората никогаш да не ја фрламе бидејќи содржи најмногу хранливи материи и здрави материи.
Сепак, една сорта на јаболка се издвојува кога е здравјето во прашање, а тоа се зелените јаболка.
Овој вид има многу покорисни материи од другите и поволно делува на функционирањето на целиот организам. Нутриционистите наведоа шест причини зошто е добро да се јаде барем едно зелено јаболко дневно.
Го подобрува варењето
Зелените јаболка имаат висока содржина на влакна, кои влијаат на внатрешната рамнотежа и го зајакнуваат метаболизмот. Тие се богати со полисахариди и лигнин, кои се од витално значење за здравјето на дебелото црево.
Ни даваат енергија
Содржат големо количество железо кое го зголемува нивото на кислород во крвта, но има и бакар, цинк, манган и калиум кои го зајакнуваат метаболизмот. Ако се чувствувате уморни или забележите пад на енергијата, не двоумете се, изедете едно зелено јаболко.
Го регулираат нивото на шеќер во крвта, холестеролот и го чистат црниот дроб
Доволно е да јадете само едно јаболко дневно и ќе забележите значителна разлика.
Ги елиминира подочниците
Антиоксидансите кои се наоѓаат во зелените јаболка ја стимулираат регенерацијата на клетките и ја измазнуваат текстурата на кожата и ја затегнуваат, што резултира со младешки и здрав изглед на кожата.
Поттикнува согорување на масни наслаги
Зелените јаболка имаат низок процент на шеќер, но се богати со влакна, кои поттикнуваат подобар метаболизам, а со тоа започнува и процес на разградување на масните наслаги.