6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYahoo во нешто подобар од Google

Yahoo во нешто подобар од Google

Yahoo11

„Yahoo“ не толку често има можност во нешто да го „победи“ „Google“, но и тоа се случува. Според статистичките податоци на „comScore“ за јули, компанијата на Мариса Мајер е актуелен „крал на интернет сообраќајот“.

Ова е прв пат „Yahoo“ да го победи „Google“ од мај 2011-та година и многумина ова ќе го разберат како прва голема потврда за успешната прва година на Мајер на позицијата Извршен директор.

Интернет страните на „Yahoo“ регистрирале 196,6 милиони единствени посети во однос на 192.3 милионите кои ги има „Google“. Во овие бројки не е вклучена последната аквизиција на „Yahoo“, „Tumblr“ чии 38.3 милиони посети се пресметани посебно.

„Сега пред да почнете да ги продавате своите акции во „Google“ треба да знаете дека ова не значи дека односот на моќта тотално се променил во корист на „Yahoo. Најважно е колку пари „Google“ обезбедува и заработува и тоа е тоа што ги привлекува инвеститорите. А во тој сегмент значајно заостанува „Yahoo“ и каде тие мораат да се поправат и тоа нема врска со бројот на посетите“, вели Скот Бадмен, автор на блогот „Tech Now“.

Важно е да се истакне дека бројот на единствени посети на „Facebook“ е во пад од 161 милиони во јули 2012-та, на 142 милиони за минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП