26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИАмериканска диета: Ослабете 3 килограми за 5 дена!

Американска диета: Ослабете 3 килограми за 5 дена!

Еве што е потребно да внесете во секојдневното мени за да ги постигнете саканите резултати…

Американската диета ви овозможува брзо намалување на масните наслаги со исхрана која е богата со протеини и масти, а ако правилно се држите до упатставата, можете да изгубите три килограми за пет дена. Потребно е во своето мени да внесете, кисело, луто и солено.

Исхраната се состои од риба, јајца и месо, а дозволени се и овошјето и зеленчукот. Слатките и намирниците богати со јаглехидрати се строго забранети.

Во оваа диета користете ладно цедено масло, пијте најмалку два литри вода дневно (без натриум и хлор) или билни чаеви.

Појадок по избор

Изберете еден од овие два предлога за појадок и јадете го петте дена.

Прв избор: 150 г меко кравјо сирење помешајте го со една лажица ленено масо или маслиново масло и една лажица семки од сончоглед или сусам.

Втор избор: Испржете едно јајце во тава без масло или сварете го, 50 гр немасна шунка и додадете 200 гр тврдо сирење со свежи зачински билки.

Предлог за првиот ден

Ручек

Медаљони со боранија

На две лажици масло испржете ситно исецкана главица кромид, додадете 300 гр варена боранија, лажица свежи зачински билки и лажица сецкан магдонос. На една лажица масло испржете 120 гр пилешко филе зачинето со бибер. Сервирајте се заедно и додадете две лажици полномасен растителен путер.

Вечера

Овошна салата со сирење

На 100 гр зелена салата исецкајте крушка или јаболко, додадете мандарина и 50 гр коцкички исецкано фета сирење, 3 оревчиња, и сето тоа прелијте го со две лажици масло и додадете малку бибер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП