26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис проценките на Apple влијаат на целокупниот пазар

Бизнис проценките на Apple влијаат на целокупниот пазар

apple12

Цените на акциите на европските берзи утрово се намалија, бидејќи инвеститорите се загрижија од резултати на технолошкиот лидер Apple, за кои имаше поголеми очекувања.

ФТСЕурофист индексот на 300 водечки европски акции утрово се намали за 0,3 проценти на 1.164,07 поени.

Тој иднекс во последните денови се движи во тесен опсег од само 10 поени, додека инвеститорите, под притисок на вестите од макро и микро економијата, размислуваат во која насока да се движат.

Лондонскиот ФТСЕ беше во плус 0,09 проценти, додека франкфуртскиот ДАХ во минус 0,22 проценти, а парискиот ЦАЦ 0,11 проценти.

Утрово, инвеститорите се под питисок од лошиот впечаток во врска со „Apple“. Таа најголема светска технолошка компанија извести дека забележала послаба продажба во последниот квартал од минатата година, од онаа која беше очекувана и тоа, веќе трет месец по ред.

Под најголем притисок се најдоа акциите од технолошкиот сектор, акциите на ARM се намалија за 1,7 проценти, а на Nokia за 1 процент.

Бизнис проценките на „Apple“ влијаат на технолошкиот сектор, но и на целокупниот пазар. Имено, пазарите значително се зајакнаа, и очекувано беше малку да забават.

На берзата во Токио индексот Никеи, утрово се зголеми за 1,28 проценти, на 10,620 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП