понеделник, јануари 17, 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто ќе откријат „Nvidia“, „AMD“ и „Intel“ на 4-ти јануари на CES...

Што ќе откријат „Nvidia“, „AMD“ и „Intel“ на 4-ти јануари на CES 2022?

„Nvidia“ го најави својот воведен говор, кој ќе се одржа на 4-ти јануари. Така, главните најави од „Intel“, „AMD“ и „Nvidia“ ќе ги добиеме истиот ден, пренесува „KitGuru“.

„AMD“ ќе биде првиот, со воведна презентација со почеток во 15:00 часот по Гринич, но воведниот говор на „Nvidia“ не заостанува, а планирано е да започне во 16:00 часот по Гринич на 4-ти јануари. После тоа, „Intel“ ќе ги објави своите најави во сегментот од 45 минути, со почеток во 18:00 часот по Гринич.

„Nvidia“ ветува дека ќе ги открие „најновите откритија во забрзаното пресметување, од дизајн и симулација до игри и автономни машини“, така што ќе бидат опфатени широк спектар на теми. Една од гласините тврди дека ќе видиме нови „RTX 3080 Ti“ и „3070 Ti“ графички процесори за лаптопи, а можеби и ажурирани картички од серијата „RTX 30“ со повеќе „VRAM“.

На саемот на „AMD“, гласините тврдат дека ќе видиме нови „Ryzen“ процесори со „3D V-Cache“ и нови графички картички „RX 6500 XT“ и „RX 6400“ од почетно ниво. Се шпекулира дека „Intel“ ќе ги претстави „12th Gen Core“ процесори за лаптопи и „Arc Alchemist“ графика за лаптопи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,751фановиЗаследи
2,158следбенициЗаследи
1,420следбенициЗаследи