Со ладните денови кои полека почнаа да доаѓаат пристигнува и сезонатата на настинки. Овој домашен лек од природни состојки делува против кашлицата и болките во грлото.
Направете домашен лек кој ќе ги отстрани сите симптоми на настинка, без потреба за одење на лекар.
Состојки за лекот против кашлица и болка во грлото:
– мед
– ѓумбир (свеж или во прав)
– бибер
– билката темјан (свеж или во прав)
Постапка:
1. Помешајте нешто повеќе од 100 гр мед со двојно помалку топла вода.
2. Додадете ги темјанот, биберот и ѓумбирот, околу 20 гр од секој. Измешајте ги состојките, мешајте брзо отприлика две минути или додека не забележите дека структурата е еднаква.
Ваквата смеса може да стои неколку недели на ладно и суво место и во добро затворен сад. Наведената количина е доволна за неколку денови, а доколку е потребно, потоа можете да направите нова залиха.
Прпорачаната количина за консумирање е три до пет кафени лажици дневно, и во зависност од сериозноста на вашата состојба, слободно проценете ако ви е потребна и поголема количина од препорачаната.