23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКамера со големина на зрно сол која прави квалитетни фотографии

Камера со големина на зрно сол која прави квалитетни фотографии

Истражувачите од Универзитетот Принстон и Универзитетот во Вашингтон развија камера со големина на зрно сол.

Камерата, која се потпира на технологијата наречена „метаповршина“, која е обложена со 1,6 милиони цилиндрични столбови и може да се произведува слично како компјутерски чип, може да снима фотографии во целосна боја кои се практично исто толку добри како и фотографиите направени со конвенционални камери, пишува „Science Alert“.

Микро-камерата има потенцијал да биде корисна во цела низа сценарија, од помагање на минијатурните роботи да го истражуваат светот, до подобро обезбедување увид во процесите што се случуваат длабоко во човечкото тело.

Камерата комбинира хардвер со компјутерска обработка на податоци за да го подобри квалитетот на снимените фотографии. Односно, алгоритмите за обработка на сигналот користат техники за машинско учење за да го намалат заматувањето или другите проблеми што инаку се појавуваат кај камерите со оваа големина, велат истражувачите во научниот труд објавен во списанието „Nature Communications“.

Во иднина, овие алгоритми би можеле да се користат за многу повеќе работи. На пример, за автоматско откривање на одредени предмети што ги бара камерата, како што се знаци на болест во човечкото тело.

Мета-површината ги заменува вообичаените заоблени стаклени или пластични леќи со материјал широк само половина милиметар. Секој од 1,6 милиони цилиндрични столбови е индивидуално дизајниран за најдобро фотографирање на она што е пред камерата, при што се користи компјутерско моделирање за да се создаде оптимална конфигурација.

Силициум натридот кој наликува на стаклото и од кој е направена метаповршината кој се вклопува во конвенционалните процеси на производство на електроника, што значи дека не треба да биде премногу тешко да се зголеми производството на овие минијатурни камери со користење на производствени процеси и опрема што веќе постои. Иако ќе биде потребна многу повеќе работа за да се пренесе овој гаџет од лабораторија во комерцијално производство, ова е показател дека тоа е можно. Кога тоа ќе се случи, ќе имаме пристап до супер мали камери кои исто така можат да прават квалитетни фотографии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП