Времето денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната ремпература ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 степени.
Во Скопје, облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, Во текот на денот во повисоките делови од Скопската котлина ќе врне повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

