28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООвие три земји се ризични за фудбалерите!

Овие три земји се ризични за фудбалерите!

prihodi fudbal1

Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери – „FIFPro“ издвои три земји кои се непосакувани за работа, а сите три се наоѓаат на југоисток од Европа. Станува збор за Турција, Грција и Кипар.

Огранизацијата, која ги штити правата на играчите и е со седиште во Холандија, ги извести своите членови за ова на својата официјална интернет страна.

„Клубовите од овие три земји честопати со примамливи понуди ги привлекуваат играчите. Но тие ретко можат да ги реализираат дадените ветувања. Играчите во Турција, Грција и Кипар честопати со месеци ги чекаат своите плати, па потоа тие се обраќаат за помош до арбитражата на „FIFA“, стои во соопштението.

Исклучок се сепак клубовите кои од споменатите земји регуларно играат во натпреварувањата кои се организираат од страна на „UEFA“, особено во Лигата на шампионите.

„Клубовите кои учествуваат во натпреварите на „UEFA“ ги почитуваат правилата за лиценцирање, па неможат себеси да си дозволат себеси таков модел на функционирање. Тој факт дефинитивно го намалува ризикот“, истакуваат од „FIFPro“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП