недела, 3 јули 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет држави кои сами по себе се најдобри брендови во светот

Пет држави кои сами по себе се најдобри брендови во светот

Објавен е Anholt-Ipsos Nation Brands Index за оваа година, кој го претставува рангирањето на 60 земји кои сами по себе се национални брендови.

Рангирањето било утврдено со истражување во кое биле опфатени 60.000 луѓе, а сите биле прашани која земја е најдобар бренд. Тие рангираа 60 однапред одредени земји. Меѓу првите пет оценети земји се Германија, Канада, Јапонија, Италија и Обединетото Кралство.

Германија е прва на оваа листа и петта година по ред е на првото место. Анкетираните истакнаа дека се задоволни од германските производи, од инвестирањето во оваа земја, од германските работници и од следењето натпревари во кои се вклучени германски спортисти. Ова е седми пат оваа земја да се најде на врвот од овој поредок.

Канада е втора бидејќи е препознаена како земја која е добро управувана, инвестира и има добра миграциска политика.

Јапонија е на третото место, додека минатата година беше на четвртото место. Препознаена е како земја со богата култура и како атрактивна туристичка локација. Таа е високо оценета и за културниот живот на своето население, како и за производите кои ги извезува низ светот.

Италија е на четвртото место, а една година претходно беше на шестото. Причината за тоа е нејзината богата култура и туристичка понуда.

Велика Британија е на петтото место. Испитаниците најмногу ја ценат нејзината наука, технологија, спорт и култура. Забележано е дека има назадување во однос на заштитата на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП