Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката ситуација е стабилна, дека минатата недела имало 5 проценти помалку дијагнотицирани случаи од претходната недела, како и дека тоа се чувствувало во болниците.
„ Сметам дека рестрикција во однос на затворање граници нема да даде ефект, бидејќи досега видовме дека кога ќе се појави нов сој тој не може да се спречи каде било во светот. Очиглено е дека соеви ќе се појавуваат и понатаму, така што остануваме со досегашните мерки, кои мислиме дека се добро димензионирани. Ова е нов сој, сé уште се испитува, па така нема потреба да правиме нови рестрикации“, изјави Филипче.

