24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТоп 10 најпосетувани страници на интернет

Топ 10 најпосетувани страници на интернет

Најпосетувана страница на интернет е Google.com, интернет пребарувач, со 45,4 милијарди посетители. Ова се податоци собрани од Finbold и се однесуваат на септември 2021 година.

YouТube е на второ место со 14,1 милијарди, а гигантот на социјалните мрежи Facebook е на трето место со 11,2 милијарди посети месечно.

Wikipedia.org е на четврто место со 5,8 милијарди посетители. Сајтот на Amazon, гигантот за онлајн продажба, е на петтото место со три милијарди посети.

На шестото место е Yahoo.com со 2,9 милијарди посетители, следен од Instagram.com со исто така 2,9 милијарди.

Нешто помалку, Twitter.com има 2,4 милијарди посетители, што ја става оваа платформа на осмото место, додека Yandex.ru има 2,3 милијарди.

Платформата со содржини за возрасни Pornhub.com е десетта со 2,2 милијарди посети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП