29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиселата зелка ги топи килограмите: Сакате да ослабите? Внесете ја во исхраната!

Киселата зелка ги топи килограмите: Сакате да ослабите? Внесете ја во исхраната!

Тешко е во ова студено време да им одолеете на калоричните намирници и да ја сочувате вашата линија. Затоа, обидете се со консумирање на кисела зелка и уверете се во нејзината магична моќ. Еден килограм кисела зелка има 186 калории, а ги согорувате со 40 минути шетање или 15 минути трчање.

Општо е познато дека киселата зелка е вистинска ризница на витамини, првенствено витамин Ц, како и железо, фосфор, калциум и магнезиум, а тоа ја прави идеален продукт во зимските денови. Покрај тоа, благодарение на витаминот Ц и фитонутриентите добиени во процесот на киселење, го подобрува имунолошкиот систем и делува како вистински пробиотик.

– Киселата зелка има мала енергетска вредност, 18 калории во 100 грама. Тоа значи дека, доколку изедете една порција од еден килограм кисела зелка, сите тие калории ќе ги согорите со 40 минутна прошетка или 15 минутно трчање – велат нутриционистите.

А во прилог на тоа дека е одличен пријател на нашата линија, доволно е да кажеме дека изобилува со билни влакна, што ја прават вистински продукт за правилно варење.

– Киселата зелка е благодет за варење. Како и пробиотскиот јогурт, содржи корисни бактерии како што се Laltobacilus plantarum, која го зајакнува имунитетот, го спречува развојот на ешерихија коли, салмонела и кандида и помага во борбата против слободните радикали.

Чинија кисела зелка содржи:

-44 калории
-2,2 г протеини
-0,4 г масти
-6,8 г јаглени хидрати
-8 г влакна
-18 мг витамин Ц

Овој здрав продукт се користи и за решавање на проблемот со хроничниот запек, кога се препорачува две-три лажички расол пред секој оброк.

– Една до две чаши расол на ден ќе помогнат и за губењето на апетитот. Пробајте, здраво е во секој случај, советуваат нутриционистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП