28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЧетиригодишни близнаци се најмладите жртви од автобуската несреќа во Бугарија

Четиригодишни близнаци се најмладите жртви од автобуската несреќа во Бугарија

Близнаците Луан и Албан Ахмети се најмладите жртви од стравотната автобуска несреќа што се случи утринава на автопатот „Струма“ во Бугарија кога се запали автобус на „Беса транс“ што се враќаше од Истанбул кон Скопје.

Бугарската новинска агенција „Бгнес“ објави дека најстариот патник имал 63 години, а повеќето се родени помеѓу 1971 и 2004 година.

Во несреќата загинаа 46 лица, а седум се повредени и пренесени во болница и немаат сериозни повреди.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од близнаците за време на нивниот престој во Истанбул викендов заедно со родителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП