26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСер Алекс веќе го избрал следниот менаџер?

Сер Алекс веќе го избрал следниот менаџер?

Иако по отказот на Оле Гунар Солскјер, листата на негови потенцијални наследници се зголеми, откако покрај споменатите Зинедин Зидан, Брендан Роџерс и Ерик Тен Хаг, се споменуваа и Хулен Лопетеги, Луис Енрике и Лорен Блан, според британскиот „Мирор“, Сер Алекс Фергусон и управата на клубот веќе го имаат својот фаворит – Маурисио Почетино.

Според нивните извори, Јунајтед сега ќе постават само преоден тренер, откако на следниот меч ќе ги води Мајкл Керик, додека потрагата по постојан тренер ќе биде оставена за по крајот на сезоната.

Сер Алекс Фергусон долго време ја почитува работата на Почетино и претходно се обидувал да го донесе на „Олд Трафорд“, а според „Мирор“, Почетино на своите блиски пријатели им порачал дека сака враќање во Премиерлигата, а работата во Јунајтед не се одбива.

49-годишниот Аргентинец, како поранешен тренер на Саутемптон и Тотенхем добро ја познава Англија, но има уште една година од договорот во ПСЖ, така што тоа ќе претставува дополнителен трошок за „ѓаволите“, покрај 7.5 милиони фунти кои треба да му ги исплатат на Солскјер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП