19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајдобрите камери на смартфони

Најдобрите камери на смартфони

На пазарот се нудат паметни телефони кои прават подобри слики од просечните дигитални камери. Тоа доста ги олеснува нашите животи, бидејќи нетреба со себе да носиме уште еден уред и соодветно ни заштедува некои грижи.

Видете кои се најдобрите камери на паметните телефони:

„LG Optimus G“

iPhone1

„LG“ се уште не е меѓу најпопуларните смартфони. Сепак телефонот со „Android“ е добро опремен, добро направен и целосно конкурентен. А 13-мегапикселната камера му овозможува одлични слики.

Цена: 599 евра.

Заклучок: висока класа на паметен телефон со пониска цена.

„Nokia Lumia 1020“

iPhone2

Уште поимпресивно од резолуцијата на 41 мегапикселната камера се светлите слики без блиц, огромното внимание кон деталите и флексибилност при снимањето.

Цена: не е објавена.

Заклучок: што се однесува до фотографиите, совршен.

„Samsung Galaxy S4 Zoom“

iPhone3

Како процесор и екран не може да се споредува со „Galaxy S4“. 16-мегапикселна камера и 24 до 240 милиметарскиот зум создава големи слики.

Цена: 499 евра.

Заклучок: никој друг паметен телефон нема таков објектив, но поради големината, уредот се користи тешко и невешто.

„HTC One“

iPhone4

Камерата на овој уред има само четири милиони точки, затоа е чувствителна на светлина.

Цена: 679 евра.

Заклучок: Добра идеја за фотографии на „Facebook“ или пак за големина на разгледници, но ако сакате да ги испечатите во А4 големина, не излегуваат добро.

„iPhone 5“

iPhone5(1)

Осум мегапикселната леќа се смета за средна класа во првата лига. Одличната обработка на сликата се должи на балансираната точност и детали. Опциите за креативна фотографија сепак се исчезнати речиси целосно.

Цена: од 679 евра.

Заклучок: Наместо да има повеќе можности за корисникот, тие нудат во рамките на можното навистина висок квалитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП