петок, 7 октомври 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПоловина од смартфоните и таблетите на „Samsung“ ќе користат „Qualcomm“ чипови

Половина од смартфоните и таблетите на „Samsung“ ќе користат „Qualcomm“ чипови

„Samsung“ би можел многу да се потпре на „Qualcomm“ за изборот на чипови следната година. Според извештајот, јужнокорејскиот технолошки гигант ќе ги користи процесорите на „Qualcomm“ за своите паметни телефони и таблети во 2022-ра година во поголема мера отколку што беше случај досега.

Корејскиот „Elec“ тврди дека „Samsung“ ќе лансира дури 64 смартфони и таблети во 2022-ра. Тука спаѓа и серијата „Galaxy S22“, т.е. серијата „Galaxy Tab S8“ и еден куп паметни телефони од сериите „Galaxy A“ и „Galaxy M“. Меѓу овие уреди, само 20 ќе имаат „Exynos“ чипови на „Samsung“. Поголемиот дел од вкупниот број ќе ги користат „Snapdragon“ процесорите на „Qualcomm“.

„Samsung“ не ја откри листата на уреди што планира да ги претстави следната година. Компанијата наводно планира да лансира повеќе од 60 уреди во 2022-ра година. Како што споменавме, речиси половина од 64-те паметни телефони и таблети ќе имаат процесор „Qualcomm“. „Elec“ тврди дека 31 од планираните 64 уреди ќе имаат „Qualcomm“ чипови. Овие уреди очигледно ќе бидат дистрибуирани во различни ценовни категории.

Најверојатното сценарио е дека „Samsung“ ќе тргне по тој пат поради моменталниот недостиг на чипови. Компанијата го развива својот сопствен „Exynos“ чип за своите уреди, а претстојната серија „Samsung Galaxy S22“ ќе има „Exynos 2200„ за европскиот и јужнокорејскиот пазар, додека американскиот пазар ќе го добие „Snapdragon 898“, познат како „Snapdragon 8 Gen 1“ варијанта , а овој чипсет најверојатно ќе ја добие Азија (освен веќе споменатата Јужна Кореја). Во извештајот понатаму се наведува дека серијата „Tab S8“ ќе го користи чипот „Exynos 2200“, додека „Galaxy Z Fold 4“ и „Flip 4“ ќе го користат новиот „Snapdragon“.

„Samsung“ ќе користи и „MediaTek“ чипови во 14 свои уреди, додека „Unisoc“ чиповите ќе се најдат во три „Samsung“ уреди следната година. Се вели дека „Galaxy A33“ и „A53“ имаат „Exynos“ чип, додека „Galaxy A73“ ќе има „Snapdragon 778G SoC“. Деталите споменати во извештајот може да се променат во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со недостигот на чипови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП