24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс со нова прогноза за коронавирусот

Бил Гејтс со нова прогноза за коронавирусот

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, повторно се огласи за коронавирусот.

Имено, американскиот милијардер тврди дека до средината на следната година, Ковид 19 ќе предизвика помалку смртни случаи од обичниот грип.

„Во екот на природниот имунитет, имунитетот стекнат со вакцината против коронавирус и благодарение на новите терапии, стапката на смртност треба драстично да опадне“, вели Гејтс за „Блумберг“ и посочува дека пресврт треба да се случи летото 2022 година.

Имено, тој смета дека прашањето за набавка на вакцини ќе биде решено до средината на следната година. Исто така, фармацевтските компании „Мерк“ и „Фајзер“ имаат развиено пилула против коронавирус и смета дека сите овие настани ќе влијаат пациентите да добијат навремена терапија откако ќе се утврди присуство на коронавирус.

„Значи, помеѓу природниот имунитет, имунитетот посредуван од вакцини и тие апчиња, можеме да го зголемиме бројот на антитела како што не можевме досега, а стапката на смртност ќе падне под нивото на смртност предизвикана од сезонски грип до летото следната година. Во тој момент, економската активност ќе треба да се врати со полн капацитет“, рече Гејтс.

Според последните податоци, повеќе од 5,1 милиони луѓе починале од коронавирусот, додека повеќе од 258 милиони луѓе се заразиле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП