26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеал повторно најбогат клуб

Реал повторно најбогат клуб

real2

Шпанскиот Реал Мадрид е најбогатиот клуб на светот веќе осум години по ред, покажаа податоците на ревизорската компанија „Deloitte“.

Со бруто добивка од 512,6 милиони евра, која е седум проценти поголема од претходниот период, Реал во сезоната 2011/2012 се најде пред својот постојан ривал Барселона, која оствари 483 милиони бруто добивка.

Во однос на минатата сезона, првите шест клубови на листата останаа непроменети, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Челзи и Арсенал се наоѓаат од третото до шестото место.

Шампионот на Англија, Манчестер Сити имаше најголем напредок, за пет места, од 12 на 7 место, со бруто добивка од 285,6 милиони евра.

Првите десет се заклучуваат со Милан, кој падна едно место, Ливерпул и Јувентус.

Бруто добивката на најбогатите дваесет клубови во светот, меѓу кои седум од Англија, пет од Италија, четири од Германија, два од Шпанија и два од Франција, е зголемена за десет проценти во однос на минатата година и сега изнесува 4,8 милијарди евра.

Четиринаесетиот Марсеј, кој благодарение на 135,7 милиони евра бруто добивка, напредуваше за три места, се уште е најбогатиот француски клуб, пред Лион кој се наоѓа на 17 место со 131,9 милиони евра бруто добивка.

Меѓу првите дваесет, нов е Њукасл од Англија, кој застана на местото на Валенсија од Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП