Последниот пат кога отидовте на преглед, резултатите од крвните анализи покажале дека вашето здравје не е на завидно ниво. Едноставно се случува имунитетот да опадне, маснотиите да се зголемат, железото и хемоглобинот да се под задоволителното ниво. Што да правите и како да го поправите тоа? Ова е еден едноставен рецепт кој ќе ви помогне да ја обновите крвна слика.
Потребни состојки:
– 1 кг Цвекло
– 1 кг Морков
– 1 кг Јаболка
– 4 Лимони
– 250 г Мед
Подготовка:
1. Изрендајте ги сите состојки во еден сад.
2. Додадете го исцедениот сок од 4-те лимони и промешајте.
3. Оставете ја смесата да отстои 24 часа.
4. По 24 часа, смесата процедете ја преку стерилна газа.
5. На смесата додадете и го медот и мешајте додека смесата се соедини.
6. Смесата што ќе ја добиете ставете ја во стаклено шише и чувајте ја во ладилник.
7. Секое утро на празен стомак изедете неколку лажици од оваа вкусна и многу здрава смеса.