3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕкстралуксузниот имот Uplands

Екстралуксузниот имот Uplands

i1

Скриен зад капиите, еден од најлуксузните имоти во Викторија ја открива својата убавина…

Прекривајќи 3 хектари импресивно и прекрасно уреден терен, „Uplands“ имотот е навистина нешто посебно. Изграден е во 1914 година, а пред извесно време вложени се повеќе милиони долари за негово реновирање.

Главната резиденција на овој прекрасен комплекс се простира на 1.000 метри квадратни. Прекрасно и хармонично ги спојува современиот начин на живот и модерната технологија со историските елементи. Има дури и некои елементи од средновековниот и викторијанскиот дизајн. Подовите обезбедуваат флуиден премин од соба во соба, иако секој од нив има сопствен карактер.

Кујната исто така е фантастична, со своите стари, историски елементи и одличните „Ultraline“ елементи од нерѓосувачки челик. Во кујната постои чувство на природа поради дрвените греди на плафонот, откриените цигли и рачно изработените дрвени ормари.

Веднаш покрај кујната се наоѓа семејна соба со опуштена атмосфера која ви  гарантира уживање на вас и на вашето семејство. Раскошната дневна соба е многу импресивен простор, со интригантни детали на плафонот, колекција на висечки светла и статуи, камин, прозорци со поглед кон прекрасната градина.

Тука е и спалната соба, романтична и прекрасна. Има висечки лустери, длабока када и уште многу други детали.Имотот содржи и простор за забава, со соба за играње, вински подрум, додатна соба и прекрасно опремено домашно кино.

i2

i3

i4

i5

i6

i7

i8

i9

i10

i11

i12

i13

i14

i15

i16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП