26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА26-годишна родилка со тешка здравствена состојба почина во Гинекологија Чаир

26-годишна родилка со тешка здравствена состојба почина во Гинекологија Чаир

Министерството за здравство информира дека синоќа во болницата по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир починала родилка на возраст од 26 години, на која со царски рез и било извадено машко бебе.

Пациентката, прворотка, била во 36. седмица од бременоста, а во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење.

„Во вакава лоша состојба таа била во предходните четири дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. На увид од извештаите во електронската база ‘Мој термин’ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една предходна контрола во 30. недела од бременоста кога за првпат е утврено присуство на висок пристисок. Тогаш на пациентката ѝ била ординирана терапија и дадени напатствија за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пацинетката не одела на контроли, а терапија пиела повремено“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Синоќа, кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција, со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80 отсто, белодробен наод и агитираност.

Истовремено, мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благоостојбата на плодот.

„Поставена е индикација за креш-интубација и итен царски рез. Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран е кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцево-белодробна декомпензација и во 22:10 часот настапила смрт“, стои во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП