6 мај, 2024
ПочетнаКОРОНА71% од новите случаи со Ковид-19 биле невакцинирани

71% од новите случаи со Ковид-19 биле невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 11 ноември.

Од таму појаснуваат, дека во рамки на анализата за вакцинирани се сметаат лица со примени две дози, кај кои поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза вакцина.

„Во наведениот период 52.436 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 29% биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе три месеци, 36.980 граѓани, односно 71% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 11 ноември на територија на државата починале 1.788 пациенти со Ковид-19, 1.434 пациенти од починатите, односно 80% не биле вакцинирани, а само 20%, односно 354 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“, се наведува во извештајот од Министерството за здравство.

Од таму апелираат граѓаните да се вакцинираат, зошто, како што велат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП