понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобриот лек за воспалено грло, кашлица и затнат нос

Најдобриот лек за воспалено грло, кашлица и затнат нос

Најдобриот лек за воспалено грло, грозница, кашлица и затнат нос се крие во вашите залихи од вино, тврди новата студија.

Истражувањето кое го спроведоа научници од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Вашингтон откри дека соединението кое се наоѓа во намирниците како што се црвеното вино, црниот чај и боровниците, може да помогне во борбата против инфекциите и да послужи како одлично превентивно средство против грипот.

Истражувањето е спроведено на глувци, а истражувачите објаснија дека флавоноидите пронајдени во тие намирници во соработка со одредени микроорганизми во цревата создале метаболит кој го зголемува имунолошкиот систем. Како резултат на тоа, симптомите на грипот се намалуваат, а закрепнувањето се забрзува.

„Со години се смета дека флавоноидите имаат заштитни својства кои помагаат во регулирањето на имунолошкиот систем во борбата против инфекциите. Сосема е очигледно дека ќе мораме да научиме повеќе, но резултатите кои ги добивме се интригантни“, изјави авторката на студијата Ешли Стид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП