27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАМуцунски за оштетениот автомобил на Јанчева: Во Аеродром има слаби контроли од...

Муцунски за оштетениот автомобил на Јанчева: Во Аеродром има слаби контроли од страна на полицијата

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, го осуди вандалскиот чин врз автомобилот на Љубица Јанчева од СДСМ.

Тој порача дека во oпштината не смее да се случуваат такви испади нагласувајќи дека локалните власти досека неколкупати реагирале до МВР.

„Неколкупати реагираме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром, слабите контроли и неприсуството на терен на полицијата, но не добиваме никаков одговор“, вели Муцунски.

Тој нагласи дека во неговата градоначалничка програма нема опции од една или друга страна и апелира да не се политизираат ваквите вандалски случувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП