25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАФилипче не размислува за оставка

Филипче не размислува за оставка

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека не размислува да поднесе оставка од функцијата по последните случувања.

„Не, не размислувам во таа насока“, кусо одговори тој.

Филипче на денешната прес-конференција не сакаше ниту да коментира до каде е истрагата и дали ќе има одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница пред два месеца кога загинаа 14 лица.

На новинарското прашање дали целата одговорност се сведе на еден продолжен кабел, Филипче изјави: „Тоа е прашање за Обвинителството, јас тука немам увид во информациите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП