9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајмоќиот чипсет за „Android“ телефони го очекуваме до крајот на ноември?

Најмоќиот чипсет за „Android“ телефони го очекуваме до крајот на ноември?

Иако сè уште не е официјално, се верува дека „Qualcomm“ ќе го претстави својот следен врвен чипсет за мобилни уреди до крајот на месецот.

„Qualcomm“ неодамна објави страница на својата веб-страница која открива дека настанот „Tech Summit“ на компанијата ќе се одржи помеѓу 30-ти ноември и 2-ри декември. Како дел од овој настан, „Qualcomm“ би можел да го претстави чипсетот „Snapdragon 898“.

Некои извори тврдат дека првиот телефон, кој ќе го имплементира споменатиот чипсет, ќе биде „Xiaomi 12“, а ќе го видиме до крајот на годината.

Се очекува „Snapdragon 898“ да има главно јадро на процесорот „ARM Cortex-X2“, со такт од 3,0 GHz. Ќе има и три „Cortex-A710“ јадра (2,5 GHz) и четири ефикасни „Cortex-A510“ со такт на 1,79 GHz.

Чипсетот треба да обезбеди 20 отсто подобри перформанси во однос на претходниот модел, а „Samsung“ ќе го произведува во процес од четири нанометри.

„Snapdragon 898“ треба да имплементира и X65 5G модем, со максимална брзина од 10 Gbps во теорија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП