Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.

На локалните избори 2021, Арсовска како независен кандидат победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник Петре Шилегов.

Шилегов со букет цвеќе ја пречека новата градоначалничка и ѝ посака успешна работа во престојниот мандат.