19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанската економија подлабоко во рецесија

Шпанската економија подлабоко во рецесија

Spain1

Економската рецесија во Шпанија се продлабочи во четвртиот квартал од 2012 година, односно економијата се намали за 0,6 проценти во однос на претходните три месеци.

Централната банка на Шпанија во прелиминарниот извештај наведува дека, економијата забележала пад во шестиот последователен квартал. Во третиот квартал контракцијата беше на ниво од 0,4 проценти.

Во споредба со последниот квартал од претходната година, економијата е намалена за 1,7 проценти, а на ниво на 2012 година пресметан е економски пад од 1,3 проценти.

Шпанскиот завод за статистика, на 30 јануари ќе го објави сопствениот извештај за состојбата на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП