На Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9 до 16 години, еден пациент е на кислородна поддршка, а сите други се со лесна клиничка слика, информира Министерството за здравство.
Од таму наведуваат дека ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

