Претпладне вдолж Повардарието со магла и значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 18 до 23 степени.

