28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАОставката на Заев повлекува оставка на целата Влада

Оставката на Заев повлекува оставка на целата Влада

Со оставката на премиерот Зоран Заев, во оставка е и целата влада, предвидува членот 93 од Уставот.

Во членот од Уставот, меѓудругото се наведува: Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта.

Според собранискиот деловник, Заев треба да ја поднесе оставката до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а тој оставката ја доставува до пратениците и претседателот на државата. Претседателот е должен во рок од десет дена мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Во меѓувреме, СДСМ ќе треба да избере и нов партиски лидер.

Заев се повлече од двете функции синоќа, преземајќи одговорност за поразот на СДСМ на локалните избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП