26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗбогум „Facebook“, добредојде „Meta“

Збогум „Facebook“, добредојде „Meta“

„Facebook“, социјалната мрежа, повеќе нема да ја дефинира иднината на „Facebook“, компанијата која сега ќе биде позната како „Meta“.

„Facebook Inc.“ го менува своето име за да ја разликува својата социјална мрежа, која има влошена репутација ширум светот, од компанија која својата иднина ја врзува со ветувањето за „метаверзум“.

„Нашиот бренд е толку цврсто поврзан со еден производ што во никој случај не може да претставува сè што правиме денес, а камоли во иднина“, рече Цукерберг.

„Отсега ќе бидеме прво „метаверзум“, а не „Facebook“, додаде тој.

Цукерберг го објави новото име за време на виртуелниот (мета-виртуелен?) говор.

Според новиот аранжман, „Facebook“ и неговото „семејство на апликации“ ќе бидат дел од поголемата компанија „Meta“.

„Facebook“ веќе соопшти дека планира да ги одвои „Facebook Reality Labs“, својата група за „AR“ и „VR“, од останатиот дел од компанијата кога известува за своите финансиски перформанси.

„Facebook“ го позиционира името како повеќе одраз на неговите идни амбиции да еволуира од социјална мрежа во компанија со „метаверзум“. Цукерберг допрва треба јасно да дефинира што значи да се биде „метаверзум компанија“ за нејзината главна платформа и корисниците, но проширената и виртуелната реалност се централни за визијата, пишува „Engadget“.

Компанијата веќе покажа рана верзија на проектот наречен „Horizon Workrooms“ за луѓе да одржуваат состаноци во „VR“. Компанијата, исто така, покажа нови искуства од „Horizon Home“ и „Horizon Venues“. И претходно овој месец, компанијата ги објави плановите да ангажира 10.000 нови работници во Европа за да го изгради својот „метаверзум“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП