5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка со речиси идентична добивка како и лани

Комерцијална банка со речиси идентична добивка како и лани

Во периодот од 01.01-30.09.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка на износ од 1.355,1 милион денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.310,6 милиони денари што претставува зголемување од само 3,4%

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.514,2 милиони денари и бележат намалување од 8,3% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2021 година изнесуваат 1.820,4 милиони денари, при што бележат минимално зголемување од 0,2% кое е остварено во услови на намалени каматни стапки кај кредитите и депозитите, како и намален обем и каматна стапка кај пласманите во благајнички записи во однос на истиот период минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 94,6%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2021 година изнесуваат 745,7 милион денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 16,4% како резултат на пониска споредбена основа во истиот период минатата година, кога заради прогласувањето на пандемијата и затворањето на земјата значително намалување забележаа активностите на Банката. Планот за анализираниот период е остварен со 117,7%.

Нето приходите од курсни разлики на 30.09.2021 година изнесуваат 133,7 милиони денари и бележат зголемување од 11,6%. Планот за анализираниот период е остварен со 108%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2021 година изнесуваат 756,4 милиони денари и бележат намалување во најголем дел како резултат на помал износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 101,2%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2021 година изнесуваат 1.312,4 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3,9%, главно како резултат на зголеменa амортизација по основ на ставање во функција на нов резервен компјутерски центар на Банката и зголемени премии за осигурување на депoзитите. Планот е остварен со 103,8%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП