25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто предењето на мачките се смета за лековито?

Зошто предењето на мачките се смета за лековито?

Сите кои имаат маче за домашни миленици знаат колку може да биде смирувачки звукот на предење.

Мачките се слободни и емотивно независни животни. Тие се многу инстинктивни, секогаш ја слушаат својата интуиција, а во Египет некогаш ги сметале за заштитници.

Секако една од најнеобичните и најнежните работи кај мачките е предењето.

Гелењето со мачка е најнежната работа и веднаш буди чувство на внатрешен мир, среќа и љубов. Мачките предат на фреквенција од 20 до 140 Hz, што може да има лековито дејство врз човечкото тело и емоциите.

Вибрациите за време на предењето помагаат во намалување на стресот и нервозата, а постојат тврдења дека можат да помогнат при диспнеа или отежнато дишење.

Зошто предењето е лековито?

Истражувањата покажуваат дека сопствениците на мачки имаат 40% помал ризик од срцев удар, а предењето позитивно влијае на крвниот притисок, здравјето на коските и е корисно за мускулите.

Предењето на мачка често се нарекува најнежна медитација, така што може целосно да ве опушти и да ја врати добрата енергија.

Кога мачката почнува да се преде додека ја галите, тоа значи дека реагира позитивно на вашата енергија. Затворете ги очите и слушајте ја фреквенцијата која имагинацијата ја создава додека преде, за неколку минути треба да се чувствувате поопуштено и посмирено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП