25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМоќен лек од природата: Како да направите сок од пченична трева

Моќен лек од природата: Како да направите сок од пченична трева

Лековитиот напиток од пченична трева е полн со витамините Ц и Е, го забавува стареењето и спречува појава на седа коса.

Најевтино е сами да одгледате пченична трева, па потоа да ја исцедите во соковник.

За одгледување на пченичната трева потребно ви е: еколошко семе од пченица, (можете да купите и обична пченица која ја купувате како храна, но внимавајте да не е термички или на било кој начин обработена), ѓубриво и земја.

mlada-zelena-penica

Постапка:

1. Натопете го семето во вода осум до дванаесет часа, најдобро е да го ставите во стаклена тегла полна со вода.

2. Потоа семето префрлете го во земјата збогатена со ѓубриво.

3. Семето не треба да биде многу длабоко насадено, ставете поголем слој земја (3-4 см), потоа наросете го нежно семето (ставете поголема количина) и одозгора покријте го со мал слој на земја и навадете го (не го притискајте, само наросете го со земја и вода). Внимавајте секојдневно да е влажно, но сепак внимавјте и да не плива во вода.

4. Садот со земја прекријте го со фолија и оставете го на светлина.

5. Идеалната температура за раст на пченичната трева е од 21 до 26 степени.

6. По 3-4 дена откако ќе изрти тргнете ја фолијата.

7. Пченичната трева можете да ја пресечете кога ќе порасне околу 15 сантиметри. Два дена пред да ја исечете ставете ја на сончево место со цел да дојде до синтеза на хлорофилот.

За сокот од пченична трева можете да користете соковник, машина за мелење месо или блендер при што ќе додадете вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП