3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовиот Baileys Chocolat Luxe

Новиот Baileys Chocolat Luxe

lux1

Ентони Вилсон, син на еден од креаторите на „Baileys Original Irish Cream“, имал визија како да ги спои двете работи што му се омилени… „Baileys“ и чоколадо…

lux2

Резултат на неговата визија е „Baileys Chocolat Luxe“, а тоа е прв пат вистинска белгиска чоколада да биде споена со алкохол на начин кој вам ви дава мултисензационално искуство на чоколада во чаша.

lux3

Неговата цел на креирање на овој пијалок го водела преку три континенти, каде, работејќи со производители на чоколадо од светска класа и тим од водечки научници, тестирал преку 200 видови на најфина чоколада на светот. На крајот избрал да креира неверојатна чоколада која совршено ќе се вклопува со пијалокот, и резултатот е ултимативно искуство на уживање во истопена чоколада.

lux4

„Baileys“ е првиот производител на алкохолни пијалоци кој ги спои вискито и млекото, и сега „Baileys Chocolat Luxe“ претставува единствен наследник и пионир на иновацијата во чоколадната индустрија – по прв пат, белгиската чоколада е споена со алкохол. Горд сум што помогнав во креирањето на овој пијалок и што семејното наследство и традицијата на иновацијата на „Baileys“ ќе продолжи со овој нов производ“, вели Ентони Вилсон.

lux5

„Baileys Chocolat Luxe“ е комбиниран од Мадагаскарска ванила и преку 30 грама вистинска белгиска чоколада во секое шише.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП