20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРеволуција во медицината: Свински бубрег успешно трансплантиран на човек

Револуција во медицината: Свински бубрег успешно трансплантиран на човек

За прв пат во историјата на медицината, хирурзите успешно извршиле трансплантација на бубрег од свиња на човек, а органот, како што велат, „веднаш функционирал нормално“.

Хируршката процедура била изведена во септември помеѓу генетски модифицирана свиња и пациент со мртов мозок во здравствената болница NYU Langone.

Според странските медиуми, бубрегот е прикачен на крвните садови на пациентот во надколеницата, над стомакот.

Споменатата свиња била генетски модифицирана за одгледување бубрези, кое човечкото тело морало да го прифати, што и се случило, како што било предвидено.

„Сè заврши подобро отколку што можев да очекувам. Бубрезите на починатите луѓе што ги трансплантираме не работат веднаш, им требаат неколку дена, па дури и недели за сè да функционира, но процедурата кај овој пациент веднаш беше успешна . Операцијата изгледаше како и секоја трансплантација која некогаш сум ја направил од жив донор на органи“, вели д -р Роберт Монтгомери, директор на Институтот за трансплантација на болницата NYU Langone.

Овој медицински и историски успех го коментираше и д-р Дори Сегев, професор по хирургија за трансплантација на Медицинскиот факултет Џон Хопкинс.

„Ова е голем напредок, одлична работа за медицината. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се потврди ефективноста на процедурата. Треба да знаеме повеќе за долговечноста на органите“, рече тој.

Некои истражувачи веруваат дека генетски модифицираните бубрези на свињи може да се користат за само неколку месеци.

Сепак, тимот на хирурзи кои ја извршија првата ваква трансплантација сè уште собира податоци, за да ја објават својата конечна работа со сите релевантни резултати.

„Остануваме загрижени дека телото на пациентот може на крајот да го отфрли новиот бубрег, бидејќи долгорочно отфрлање на органи може да се случи дури и со добро усогласени донаторски органи од човечко потекло“, рече д-р Дејвид Класен, одговорен доктор во “United Network for Organ Sharing” .

Ксенотрансплантација, или процес на трансплантација на органи и ткива меѓу видовите, т.е. од животни на луѓе, во минатото тоа беше претежно неуспешна процедура (вклучени се шимпанза и свињи), меѓутоа, многу медицински експерти ја гледаат технологијата за уредување на гени како клуч за идните успешни трансплантации.

Овој историски момент веројатно ќе покрене прашања поврзани со етиката на одгледување свињи со цел да се отстранат нивните органи.

Сепак, многумина посочуваат дека и без тоа, приближно 100 милиони свињи се колат годишно само во Соединетите држави и тоа само поради прехранбената индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП