2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА35 aвганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе...

35 aвганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа од Владата.

Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства.

„Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата“, соопштија владините служби.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

Институциите, како што е посочено, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар