19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАБорел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа на деескалација на Косово, продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и го поддржаа пристапувањето на сите земји во ЕУ.

„Ја нагласуваме нашата целосна поддршка за процесот на проширување на ЕУ. Приемот во ЕУ, кој е приоритет за целиот Западен Балкан, помага во консолидација на демократските институции и промовирање владеење на правото, рекоа Блинкен и Борел, нагласувајќи дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да започнат без одлагање.

Во изјавата, Бликен и Борел го поддржаа територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и ги повикаа политичките сили во Црна Гора да одржат стратешка ориентација што води кон ЕУ.

Шефовите на американската и европската дипломатија ја истакнаа важноста на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, како клучен механизам за постигнување сеопфатна нормализација.

„По последните недели на тензии во северно Косово, ги охрабруваме двете страни да се вклучат во континуирана и одржлива деескалација и да избегнуваат дејствија што ја загрозуваат стабилноста. Исто така, го поздравуваме ангажманот на Косово во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, наведуваат Борел и Блинкен.

Во заедничка изјава, Европската Унија и САД велат дека се обединети во нивната силна поддршка за територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и во заедничката работа на изборните и уставните реформи и одржувањето на функционирањето на нејзините државни институции.

„Ние сме сериозно загрижени за зголемената реторика на поделби во Босна и Херцеговина. Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат и заштитат државните институции, да продолжат со конструктивен дијалог и да преземат чекори за напредок на патот кон интеграцијата во ЕУ”, рекоа Борел и Блинкен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП