24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го консумирате цвеклото со цел да го извлечете најдоброто од...

Како да го консумирате цвеклото со цел да го извлечете најдоброто од него?

Иако на листата со вашиот омилен зеленчук цвеклото со сигурност не зазема високо место, консумирајте го колку што е можно почесто. А како и зошто, ви откриваат токму нутриционистите.

Варено или сирово

Иако за многумина е највкусно кога е сварено, нема дилеми, бидејќи цвеклото е најздраво само ако не е термички обработено. Со термичка обработка подолга од 15 минути тоа ги губи своите нутритивни вредности, а нивното количество не е мало. Покрај витаминот Ц, цвеклото го содржи и реткиот витамин Б12, како и речиси сите минерали – калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур…

Корен или лист

Сите ние сме навикнати да го јадеме само црвениот дел од цвеклото, односно коренот. Иако е тој најздрав, не треба да се занемарат ниту зелените листови. Содржат бетакаротени, калциум и железо, а може да се подготват како што се подготвува блитвата или спанаќот. Некогаш одамна се консумирале само листовите, а коренот, поради можностите за чување, бил користен исклучиво како лек.

12416_shutterstock_65177071_630x0

Се што ќе допре го бои црвено

Крв-црвената боја цвеклото ја добива од пигменти од групата на беталаини, антиоксиданти коишто делуваат антивоспалително и детоксицирачки а целата билка има и антиканцерогена моќ.

Анти-инфламаторното дејство на беталаинот спречува многу хронични болести, го чува срцето и крвните садови. Цвеклото е клучно за лекување на слабокрвноста кај децата и младите бидејќи содржи висок процент на железо, како и фолна киселина којашто учествува во синтезата на црвените крвни зрнца.

Цвеклото понекогаш може да ја обои и урината и столицата, но тоа не треба да ве загрижува.

Смути за добро утро

Состојки:

– 1 сирово излупено цвекло

– 1 корен од свеж целер

– 1 морков

– 1 шолја бадемово млеко

– 2 мали лажички мелено ленено семе

– 1 лажица чиа семе

– 1 мала лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Исечете го цвеклото на парчиња, додадете го целерот и морковот коишто претходно сте ги исецкале на парчиња, а потоа лесно изблендирајте. Додадете ги сите останати состојки, па дополнително изблендирајте.

По желба може да додадете и сок од свеж лимон или лимета. Пијте полека, уживајќи во секоја голтка.

Сокот може да го пиете наутро, како енергетски пијалок, еден час пред појадокот, или пак после пладне, како ужина.

cvekla-1412887159-49539

Дали е добро за диета?

Цвеклото содржи доста шеќери, но сепак е нискокалорично (45 kcal на 100 грама корен). Шеќерот од цвеклото нашиот организам го апсорбира многу лесно и од него добива сила и енергија. Значи, личностите коишто се придржуваат кон редуциран режим на исхрана може безгрижно да го консумираат. Цвеклото ќе им ја обезбеди неопходната енергија, а висока концентрација на влакна ке го поттикне празнењето на цревата.

Како ја разубавува насмевката

Цвеклото ја спречува деминерализацијата на коските, но и забите, па е заслужно и за убава насмевка. Присуството на јод го чини да биде драгоцен лек против атеросклероза и забрзано стареење. Потврдено е и дека фолната киселина, со којашто цвеклото изобилува, го стимулира производството на хормоните и останатите супстанци кои влијаат на нервните импулси, нашето ментално здравје и чувството на среќа и оптимизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП