29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТричковски го продолжи договорот со АЕК

Тричковски го продолжи договорот со АЕК

Иван Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака. Клубот потврди дека Тричковски ќе остане во Ларнака до јуни 2024 година.

Тричковски стана член на АЕК во 2016 година. Досега одиграл 145 натпревари, постигнал 84 гола.

Новата сезона ја отвори со шест гола во првите пет натпревари.

34-годишниот напаѓач кариерата ја започна во Вардар во 2004 година, потоа играше за Работнички, Црвена звезда, Еносис, АПОЕЛ, Бриж, Беверен, Ал Наср и Легија Варшава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП