19 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧај кој лекува анемија

Чај кој лекува анемија

Кога организмот се бори со недостаток на железо, најдобро е да започнете со здрава исхрана и природни лекови.

Ако сте исцрпени, бледи, бргу се уморувате, лесно останувате без воздух и чувствувате омалаксаност, треба да го проверите нивото на железо во крвта, бидејќи е можно да страдате од анемија.

Анемијата е честа болест кај децата и жените, особено оние кои се во репродуктивна возраст. Се лекува под надзор од лекар, но природните лекови само ќе го забрзаат процесот на оздравување. Затоа подгответе го овој лековит чај од ореви.

Потребни ви се 20 грама свежи листови од орев и еден литар вода.

Во вода варете ги листовите од ореви околу 15 минути, а потоа исцедете. Секој ден пијте по една чаша пред ручек и набрзо ќе ги забележите резултатите, не само на лабараториските наоди, но и генерално ќе се чувствувате подобро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП