Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата одржа маалска, средба со граѓаните од зградите близу кејот на Вардар кај Влада. Оттаму ги запозна станарите со решението за проблемот со паркирањето.
„Од оваа страна на кејот е одлично, пријатно и зелено но од другата има сообраќаен метеж и блокирани тротоари. Овде знам дека сериозен проблем имаат резидентните станари со местата за паркирање. Затоа во тек е процедура преку која се планира четирите згради да добијат спрат и поткровје со подземни паркинзи во постоечките згради. Така навистина би се намалил сообраќајниот метеж и би се решил проблемот на граѓаните“, изјави Герасимовски.



