16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАФилипче: Скрининг во училиштата од понеделник, а од утре ќе се бара...

Филипче: Скрининг во училиштата од понеделник, а од утре ќе се бара согласност од родителите

Од утре ќе почне барањето согласност од родителите за спроведување тестирање на учениците за коронавирус, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој кажа дека познато е колкава бројка на ученици и во кои училишта ќе се тестираат за коронавирус.

„Моделот за скринингот е готов. Задоцнивме една недела. Требаше да започне оваа недела, но подолго траеше анализата во училиштата. Со оглед дека сега е спремна методологијата, од утре ќе бараме согласност од родителите. Верувам дека до почетокот на следната недела тоа ќе се обезбеди и ќе се спроведе скринингот. Апелирам до родителите да го прифатат скринингот, не е ништо страшно. Сега епидемиолошката ситуација е прилично мирна. Немаме хоспитализирани деца, 10-15 има во болницата во Козле и во ниту една друга институција. Нема податоци за трансмисија во училиштата, но важно е да знаеме дали ќе откриеме асимптоматски случаи“, рече Филипче.

Тој кажа и дека Комисијата за заразни болести до Владата предложила нова мерка односно влез во затворени простории да им се дозволи само на оние кои имаат примено две дози на вакцина, наместо како што беше досега, со една доза.

„Во однос на дополнителната мерка, ќе дискутираме во штабот во Владата, следната недела. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози вакцина“, рече Филипче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП