Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи против Ковид-19, со кои Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација.
Граѓаните на Македонија што патуваат во Велика Британија и кои примиле вакцина во земјата, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од вакцините на следниве производители: „Оксфорд/Астра зенека“, „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик.

