19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАBeats сака да ја прекине соработката со HTC

Beats сака да ја прекине соработката со HTC

beats slusalki

„Beats Electronics“, творецот на популарните „Beats by Dr. Dre“ слушалки, сака да ја прекине соработката со тајванскиот производител на паметни телефони.

„HTC“ купи 51 процент од „Beats“ за 309 милиони долари во 2011-та година, но потоа и продаде една половнина од акциите назад на компанијата во 2012-та година. Сега „Beats“ сака да ги откупи преостанатите 25 проценти од „HTC“ се со цел да доведат нов инвеститор кој би и помогнал на компанијата да се прошири на пазарот.

„Beats“ успеа да заземе 59 проценти од пазарот на паметни телефони во САД до јуни 2013-та година, а приходите во 2012-та година на оваа компанија изнесуваа милијарда долари.

„HTC“ од друга страна не бележи задоволувачки резултати и моментално не претставува адекватен партнер за амбициозниот „Beats“.

Според информациите кои процурија, компаниите се судрија околу стратегијата по што од „Beats“ дале понуда за купување на преостанатите акции кои се во сопственост на тајванската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП