Чоколадните морски школки Атлантис добија розова едиција која е достапна во сите продажни објекти и дел од средствата на продадените количини ќе биде наменет за лицата со рак на дојка. На овој начин компанијата Витаминка повторно активно се вклучува во поддршката на активностите на Здружението Борка за зголемување на свеста за овој тип рак.
„Атлантис по втор пат е обоен во розово со што продолжуваме да ја искажуваме нашата целосна поддршка за заложбите на здружението Борка и помошта за лицата со рак на дојка. Подигањето на свеста за ова заболување е единствениот начин за борба против него и затоа целта на розовиот Атлантис е, исто така и да потсети за зачестеноста на ова заболување и да упати на важноста од превенцијата, редовни прегледи и рано откривање на заболувањето”, велат од Витаминка.


