8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро ќе летаме како суперхерои

Наскоро ќе летаме како суперхерои

letanje

Сонот на луѓето да можат да летаат најверојатно ќе може да се оствари и тоа не во далечна иднина. Веќе во 2014-та година конструктор Глен Мартин и неговите колеги од новозеландската компанија „Martin Aircraft Company“ добија лиценца за тестирање на леталото „Martin Jetpack“.

Ова летало беше претставено за прв пат во 2008-та година за време на „EAA AirVenture Oshkosh“ во Ошкош, Висконсин. Првиот тест на „Jetpack“ се одржи во мај 2011-та година, но на местото на пилотот стоеше кукла.

letanje1

Сега компанијата ќе одржи серија на нови тестови, и ако тие покажат добри резултати, леталото ќе влезе во сериско производство за воени лица, пожарникари и спасувачи до крајот на 2014-та.

Во иднина „Martin Jetpack“ ќе може да се продава и на цивилите, но тоа нема да се случи пред 2015-та година.

letanje2

Цената на уредот ќе биде од 15.000 до 200.000 долари. Конструкторот работи на проектот речиси 30 години, а за овој периодот во него се вложени 12 милиони долари.

Последниот усовршен модел „Martin Jetpack P12“ работи на бензин и може да биде во воздух околу 30 минути. Должината на летот е 30 километри при препорачаната висина од 150 метри, повеќе октолку на било кој друг сличен уред, тестирана досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП