29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСтудено и облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни

Студено и облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни

Времето денес ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд.

Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.

Под влијание на влажна воздушна маса во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд.

Дневната температура значително ќе се намали.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне само 14 степени.

Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП